ВИДЕО | Карева: Во Јавна соба има илјадници сторители не само двајца

2 mins read

Собранието итно да ги донесе измените на Кривичниот законик со кои кривично ќе се гонат сите форми на сексуално насилство вклучително и сексуално вознемирување на интернет е главното барање на Платформата за родова еднаквост која го изрази своето незадоволство од разрешницата на случајот „Јавна соба“, во која неа осудени на затворска казна двајца сторители.

„Илјадници жени и девојки останаа без никаква заштита која ја очекуваа од системот. Нормално дека излеговме со реакција каде што велиме дека од ваквата пресуда не сме задоволни, всушност ние сме незадоволни од целото постапување на органите заради тоа што со ваквата пресуда е опфатено само едно кривично дело и само двајца сторители, а факт е дека можеа да бидат опфатени и повеќе кривични дела и повеќе сторители и целото постапување да беше со поголемо внимание и со почитување на принципот на должно внимание за што институциите имаат и обврска. Кривичното дело што всушност е сторено е сексуално вознемирување онлајн. Во декември имаше собраниска расправа и она што треба најитно да се стори е да се донесат промените во Кривичниот законик со кои сексуалното вознемирување ќе биде кривично дело и кога е сотрено на Интернет и во физички простор“, вели за Утрински брифинг Тона Карева, претставничка на Платформата за родова еднаквост.

Поккрај во Платформата бара и започнување истрага и разрешување на случајот со ФБ групата во која сексуално беа вознемирувани жени Ромки и соодветна едукација и родова сензибилизација на судиите, адвокатите и јавните обвинители при постапување во случаи на сексуално насилство.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Бекам ѝ го дал својот инстаграм-профил на лекарка од Харков: Работам без престан

Следно

Голема пролетна акција за чистење во 10 скопски општини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian