ВИДЕО | Бекам ѝ го дал својот инстаграм-профил на лекарка од Харков: Работам без престан

2 mins read

Дејвид Бекам го отстапи својот инстаграм-профил на докторката Ирина, шеф на регионалниот перинатален центар и педијатриски анестезиолог, за да ги покаже моменталните услови за работа во болницата во Харков, Украина. Бекам на социјалната мрежа „Инстаграм“ го следат 71 милион луѓе.

Ирина сподели фотографии од подрумот каде што се префрлани пациентите веднаш по почетокот на бомбардирањето на градот и ги претстави лекарите кои се грижат за новороденчињата, а ги покажа и уредите донирани на болницата од УНИЦЕФ, чиј амбасадор е Бекам.

Како што откри, веќе на првиот ден од војната, бремените жени и мајките биле евакуирани во подрумот.

„Тоа беа ужасни три часа што ги поминавме заедно. За жал, не можевме да ги евакуираме бебињата од одделот за интензивна нега бидејќи тие зависат од уредите кои ги одржуваат во живот. Првите денови беа најтешки. Моравме да научиме како да работиме за време на бомбардирања и напади“, опиша докторката Ирина.

Таа додаде дека од почетокот на инвазијата работи без престан и дека цел ден не излегува од болница.

„Не само што работам како шеф на одделот, туку работам и како педијатриски анестезиолог. Го растоварам испорачаниот товар, работам на логистика и давам емоционална поддршка на пациентите“, рече таа.

Јана и нејзиниот син Михајло

јана украина
Фото: Принтскрин/Инстаграм

„На вториот ден од војната тој се роди со проблеми со дишењето. Сега е подобро. Но, нивниот семеен дом е уништен и немаат каде да се вратат“, рече таа, додавајќи дека добиваат материјали и уреди за болницата, како што е генератор на кислород.

украина
Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Веројатно си ги ризикуваме животите, но не размислуваме за тоа. Ја сакаме нашата работа. Лекарите и медицинските сестри во оваа болница се грижат и плачат, но никој од нас нема да се откаже“, рече таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Силна експлозија во фабрика во Грција се трага по исчезнатите

Следно

ВИДЕО | Карева: Во Јавна соба има илјадници сторители не само двајца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian