Тројца тешко повредени е билансот од сообраќајната несреќа која се случила попладнево околу 13.30 часот на крстосницата од булеварите „Србија“ и „Трета Македонска Бригада“ во скопската населба Лисиче.
Според полицијата, од засега непознати причини директно се судриле возило „фиат“ и мотоцикл.
Од директниот судар тешко повредени биле двајцата возачи како и сопатникот на моторџијата.