Во кратката рубрика „Слободно со…“, нашите соговорници преку три прашања ни откриваат есенција за себеси.
Овој пат го прашавме Петар Антевски, продуцент и дел од театарската продукција на „Пресврт“.
Јас сум…
Вечно ненаспан сонувач во константна криза на идентитет. Утре сум нешто друго.
Слобода за мене е…
Слобода за мене е вонинституционалниот театар! Сиромашен, но надвор од границите на институционалната декаденција.
Личен печат по кој ме препознаваат…
Печат по кој ме препознаваат е громогласното смеење како фока. (се смее како фока) 🙂