„Слободен печат“: Пратениците „машки“ се дигнаа против лесната промена на полот

3 mins read

Во најновиот број на весникот „Слободен печат“ читајте:

Хроника

Владата ќе го менува Законот за матична евиденција – Пратениците „машки“ се дигнаа против лесната промена на полот

– Едногласни Пратеници и од власта и од опозицијата се против предлогот на Владата да може да се озакони промена на полот само со нотарска изјава и со фотокопија од лична карта.

Нова комуникација со старите барања на Бугарија – Петков ги минира можностите за датум во јуни?

– Бугарскиот премиер изрази поддршка за европската перспектива на Македонија, но повтори дека претходно треба да се решат одредени работи, како што е почитувањето на правата на Бугарите, „со гаранции во рамките на Уставот“.

Свет

Отфрлен ултиматумот од руските сили за пристанишниот град – Бранителите на Мариупол не се предаваат

– Стотици илјади луѓе сѐ уште се блокирани во Мариупол и не може да се евакуираат низ хуманитарните конвои зашто практично не запира огнот од тешката артилерија на руската морнарица во Азовско Море

На лет од Кунминг до Гвангџоу – Авион со 133 луѓе се урна во Кина

– Авионот на авиокомпанијата „Чајна истерн“ со 123 патници и девет члена на екипажот исчезнал од радарите еден час пред планираното слетување во Гвангџоу и при уривањето се распрснал и се запалил

 Економија

Сања Лукаревска, директорка на УЈП – Многу граѓани пријавија неприменување на нула данок за храна

– Постапката за адаптација на фискалните каси не е комплицирана. Ние навреме информиравме за тоа, вели Лукаревска

Скопје

Состојбата на парк-шумата сведочи за негрижата на некои од посетителите – Граѓаните уживаат на Водно, но забораваат да си го соберат ѓубрето зад себе

– Со подобрувањето на временските услови и зголемената посетеност на парк-шумата Водно, се зголемува и количеството на отпадоци фрлени од  несовесни посетители.

Спорт

Во пресрет на баражот за пласман на СП 2022 во фудбал – Хаџиевски: Притисокот ќе биде товар за Италија

– Поранешниот селектор на Македонија смета дека иако Италијанците се фаворити, притисокот што го носат нема да им даде можност да играат слободно. Ќе бидат во грч и тоа може да биде добра шанса за црвено-жолтите

Бараж за пласман на СП 2023 во ракомет – Кашпарек: Сите знаеме како е во Македонија

– Чешкиот репрезентативец предупредува што го чека неговиот тим на реваншот во Скопје и апелира да обезбедат голема предност уште во првиот меч

Забава

Публиката уживаше во перформансот на големиот актер и музичар – Шербеџија концертот во Битола го посвети на Горјан Тозија

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дибала нема да потпише нов договор со Јувентус

Следно

Девојка физички нападната од поранешното момче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian