Шер го понуди својот дом во Малибу за украинските бегалци

1 min read

Музичката легенда Шер им го понуди својот дом на украинските бегалци. Ѕвездата бара познатите да се приклучат и да помогнат на кој било начин затоа што војната во Украина продолжува.

За време на руската инвазија на Украина над два милиони луѓе ја напуштија својата татковина разурната од ужасната војна.

„Би сакала да им помогнам на украинските семејства, го нудам мојот дом… Тие би биле безбедни и згрижени. Многу луѓе во мојата позиција треба да се приклучат. Ако бев сама или со моите деца и да поминувам низ ваква траума, ќе се надевав некој како мене да ни помогне“, емотивна беше Шер.

75-годишната ѕвезда изминатиов период е особено активна на социјалните мрежи каде постојано објавува содржини поврзани со Украина.

А нејзината ангажираност наидува на позитивни коментари од страна на нејзините обожаватели ширум светот.

„Бог да ги благослови нашите храбри браќа и сестри од Украина“, гласеше една нејзина објава.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руските воени мини вo Црно Море се приближуваат кон брегот на Бугарија

Следно

На Борис Бекер му се заканува затворска казна до седум години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian