Селекторот Милевски нема проблеми со пријавени повреди или отсуство

1 min read

Сите со нетрпение го очекуваме мундијалскиот бараж меч в четврток (24 март, 20.45 часот) против Италија, а последните информации велат дека денеска би требало да бидат сите присутни во македонската А репрезентација на тренингот во 17.00 часот.

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот за претстојниот полуфинален плеј-оф натпревар во Палермо, досега нема пријавени повреди или отсуство.

Единствената промена беше замената во делот на нападот, односно на местото на Адис Јаховиќ доаѓа играчот на белгискиот клуб Вестерло, Ердон Даци.

Најавено е дека нашите најдобри фудбалери утре ќе имаат тренинг и од 11.00 часот.

Потсетување дека победникот од дуелот Италија – Македонија, на 29 март ќе игра во финалето против Португалија или Турција.

Милевски ги избра фудбалерите за баражот со Италија, без Несторовски, но со Давид Бабунски

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денес е Светскиот ден на поезијата: Порив кој за смисла не прашува

Следно

Нови 64 случаи на ковид и четири починати лица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian