Руското злато вреди 140 милијарди долари, ама никој не сака да го купи

2 mins read

Исто како со цената на нафтата, така и цената на златото „здиве“ откако започна конфликтот меѓу Русија и Украина.

Русија има 2.300 тона злато во резервите кое е проценето на вредност од околу 140 милијарди долари, но попусто оти никој не сака да го купи.

Овие огромни резерви се создадени во последната деценија и пол и беа наменети за економската безбедност на земјата, пишува Business Insider. Но, исто како и во случајот со нафтата, санкциите ѝ отежнуваат на Русија да ја користи вредноста на своите резерви.

-Токму ова е причината поради која купуваа злато, за ситуација токму како оваа денес, изјави за Блумберг Фергал О’Конор, предавач на Универзитетот Корг, додавајќи дека ако никој не сака да тргува, овие резерви не значат ништо.

Минатата недела беа забранети сите златни плочки од руските рафинерии на лондонскиот пазар на злато, кој е најважниот центар за трговија со овие стоки во светот, и на тој начин Русите беа успешно исклучени од глобалната трговија.

Сенатот на САД го следеше тој потег со нов закон кој ги спречува американските граѓани да вршат какви било трансакции со руско злато.

„Огромните златни резерви на Русија се меѓу ретките средства што Путин може да ги искористи за да спречи колапс на економијата на неговата земја“, рече сенаторот од Мејн, Ангус Кинг.

Тој во изјавата посочи дека со санкционирањето на овие резерви Русија сѐ повеќе се изолира од светската економија, а воената кампања на Путин, која станува сѐ поскапа, ќе станува сѐ потешка.

И без меѓународни купувачи, се чини дека побарувачката за злато на рускиот пазар е сѐ уште висока, барем според соопштенијата од Централната банка на Русија.

Минатиот вторник банката соопшти дека ќе го прекине редовното купување злато од кредитните институции за да не се натпреварува со побарувачката на домаќинствата во време кога луѓето се во трка да ги заменат пропаднатите рубљи за златни плочки.

Доколку валутата продолжи да паѓа во однос на американскиот долар, стратегот на Credit Suisse Bank Золтан Позсар изјави за Блумберг дека Русија може да ги искористи своите залихи за ефективно да се врати на златниот стандард, користејќи го како „сидро“ со продажба по фиксна цена во рубљи.

kurir.mk

Претходно

РСБСП: Од загинатите во сообраќајки од 25 до 30 отсто се пешаци

Следно

Денес е Светскиот ден на поезијата: Порив кој за смисла не прашува

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian