Ран знак дека шеќерот го уништува организмот

2 mins read

Симптомите на дијабетес тип 2 вклучуваат замор, необјасниво губење на телесната тежина и чувство на жед.

Меѓутоа, лекарите дошле до заклучок дека пред сите тие симптоми се развива еден друг симптом, кој е ран аларм за тревога.

Дијабетес тип 2 е хронична состојба при што панкреасот не може да произведе доволна количина инсулин. Иако овој процес може да изгледа како безопасен, со текот на времето се нарушуваат сите функции во телото. Високото ниво на шеќер во крвта може да биде сериозно за срцето, очите, но и за бубрезите.

Клучниот чекор во овој случај е рано откривање на проблемот. Најраниот симптом, како што тврдат докторите, е заматен вид, кој со секој нареден ден станува сè посериозен.

Дијабетесот може да предизвика заматен вид, но и солзење на очите. Оваа состојба е позната и како дијабетична ретинопатија – резултат е на проблемите со крвните садови околу мрежницата.

Кај поголем дел од пациентите овој проблем се развива постепено. Раното откривање и посетата на лекар може да ги спаси пациентите од сериозни проблеми, како што е целосно губење на видот.

Во окото започнува да се создава вишок течност, која создава заматен вид или намален фокус. Доколку оваа состојба трае неколку дена, време е да посетите лекар.

Експертите нагласуваат и дека заматениот вид не е во 100 отсто од случаите последица на дијабетес. Тој исто така може да биде предизвикан од бројни други состојби, вклучувајќи ги сувите очи, слаб вид или инфекција.

Во секој случај, лекарите препорачуваат редовна контрола и следење на сите сигнали кои организмот ни ги испраќа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петков за „Обзервер”: Ќе ја ослободам Бугарија од корупцијa

Следно

Кратовец со престој во Скопје фатен со таблети MDMA

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian