Проектот „руски свет“ на Балканот се вика „српски свет“, вели Ѓукановиќ

3 mins read

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во интервју за грчки Катимерини изјави дека Српската православна црква (СПЦ) е „дестабилизирачки фактор и во Црна Гора и во регионот“, тврдејќи дека има многу причини за војната, а дека „повод би можел да се најде во речиси секоја земја“.

Ѓукановиќ изјави дека покрај „нерешените прашања“ од периодот на распадот на Југославија, „погодно тло за деструкција е и застојот во европската интеграција на целиот регион во последните години“.

Според него низ целата историја на Балканот никогаш не било проблем да се најде повод за нова војна и дека проектот „Руски свет“ на Балканот се вика „српски свет“, а Црна Гора се смета за негово природно дело“, пренесува Вијести.

„Мислам дека и денес тие штетни идеологии, и нивните промотери, се гледаат со голо око. Тоа не го гледа само оној кој не сака да го види. Обидот за државен удар во Црна Гора во 2016 на кој му се спротивставивме без помош од страна, беше само навестување на украинските ужаси на кои сведочиме. Русија ја обновува својата историска големина, го собира рускиот свет во севкупноста на Русите, Белорусите и малорусите – како воениот поход на Русија на Украина деновиве е еден од промотерите на нејзините империјални амбиции. А митрополитот на црквата на Србија во Црна Гора истовремено изјави дека „настаните во Украина се последици на безбожништвото“ и дека „Црна Гора е проектирана да биде мала Украина“. Ја следи Руската црква која безрезервно ја поддржува инвазијата на Украина. Српските попови на социјалните мрежи му викаат „ура“ на чеченскиот претседател (Рамзан) Кадиров кој ги испрати своите специјалци во Киев. Проруските сили во Србија, Црна Гора и Република Српска организираат собири за поддршка на (рускиот претседател Владимир ) Путин и ги слават „подвизите“ на руската војска. Медиумската инфраструктура, со обилна поддршка за таквото дејствување, веќе одамна е поставена во регионот. Центрите се во Белград и Бања Лука, од каде активностите се шират на Црна Гора и целиот регион“.

Ѓукановиќ прашан како го гледа крајот на украинската војна, кажа дека „ни тие што ја почнаа војната, како ни тие што се принудени да се бранат, немаат одговор на тоа прашање“, заклучувајќи дека „најголемиот губитник на оваа војна историски гледано ќе биде Русија“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кулеба ја повика Кина да одигра „важна улога“ во преговорите на Украина и Русија

Следно

ФОТО | Градина за своја душа: Совршени растенија за пролетно уредување на дворот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian