Партизан Водно Санс е шампион во Европската младинска кошаркарска лига

1 min read

Екипата на Водно Санс Партизан до 15 години составена од играчи родени во 2007 година ја одиграа последната фаза од EYBL натпреварувањето (Европска младинска кошаркарска лига) кое се одржа во Дебрецин, Унгарија.

„Црно-белите“ ги одмерија силите со врсници од најдобрите европски екипи за евентуален пласман на финалниот турнир на EYBL во Финска на почетокот на мај.

Во составот предводена од тренерот Горан Андреевски беа: Давид Дејвис, Никола Јаничиќ, Давид Китановски, Даниел Бутемер, Филип Сребров, Марко Крајчески, Марион Лазов, Борјан Китановски, Лука Марјановиќ, Андреј Милошевски, Мартин Геговски и Дамјан Ивановски.

Во првиот натпревар беше совладан домаќинот Дебрецин со резултат 88:64. Лука Марјановиќ беше најефикасен со „трипл-дабл“ учинок од 28 поени, 11 асистенции и 10 скокови, а Никола Јаничиќ забележа „дабл-дабл“ од 15 поени и 11 скокови.

Уште еден триумф беше забележан овојпат над Сокол Прашки со 100:74. Јаничиќ беше прв стрелец со 26 поени, 10 скокови, седум украдени топки и шест асистенции, додека Марјановиќ имаше 25 поени, по осум скокови и асистенции.

Во третата победа над Спартак од Србија (88:85) и повторно најефикасен беше една од најголемите македонски надежи, Јаничиќ со 33 поени, од кои сите беа тројки, дури 11 од 19 обиди.

Токму Јаничиќ ја водеше екипата до златото и пласман во финалето, воедно се закити со МВП признанието, најкорисен играч. Турнирот го заврши со 27,5 поени, 10,8 скокови, 4,8 украдени топки и 4 асистенции во просек.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Дара Бубамара даде преку 40 илјади евра за пластични операции: Ги следам светските трендови!

Следно

Груби: Телеком не сакаше да ја исклучи „Раша тудеј“, моравме да носиме владина одлука

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian