Нови сознанија: Меркур можеби содржи 16 милијарди тони дијаманти

2 mins read

Меркур е најблиска планета до Сонцето и во споредба со нашето знаење за Месечината или Марс, оваа планета со непријателска атмосфера е една од помистериозните вселенски тела.

Кората на Меркур претежно се состои од графит, чиста форма на јаглерод кој може да се претвори во дијаманти откако ќе биде погоден од астероиди. Планетата е полна со кратери поради удари на метеори и комети низ годините, пренесува „Wired“.

Ви се оди на Месечината? Пријавете се на следната мисија на НАСА

Но сега, се чини дека истражувачите имаат повеќе информации за површината на Меркур. Новото истражување претставено овој месец сугерира дека кората на Меркур може да содржи 16 милијарди тони дијаманти.

„Бранот на притисок од астероидите или кометите кои удираат на површината со брзина од десетици километри во секунда би можел да го трансформира тој графит во дијаманти. Можно е да има значително количество дијаманти блиску до површината“, вели Кевин Канон, геолог.

Дали овие дијаманти изгледаат како што претпоставуваме? Одговорот најверојатно е – не

„Тие веројатно личат на големите бистри скапоцени камења што ги сечеме и ги правиме во накит. Подобра споредба се малите замаглени дијаманти што се користат во индустријата како абразиви, веројатно во неуредна мешавина со графит и други форми на јаглерод“, изјави Канон.

ЕСА ја суспендираше соработката со Роскосмос: Русија планира самостојна мисија на Марс

Планетата Меркур е тешка за истражување и ние сè уште не сме стигнале до неа. Само две мисии на НАСА направија блиски опсервации на планетата. Истражувачките надежи се насочени кон новата мисија „BepiColombo“ од Европската вселенска агенција (ESA) и Јапонската агенција за воздушно истражување на Меркур. Се очекува мисијата да ја истражува планетата откако ќе пристигне на неа во декември 2025 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ: По седницата на Советот за национална безбедност ќе им одговориме на Приштина и Подгорица

Следно

Дибала нема да потпише нов договор со Јувентус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian