Мурињо: Ја сакам Италија, но навивам за Португалија да оди на Мундијалот

1 min read

За три дена ќе се играат полуфиналните натпревари од плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар 2022, а на 29 март ќе се играат финалните мечеви.

Уште две победи ја делат Македонија до историски пласман на Мундијалот, за првпат ќе игра бараж, а патот до остварувањето на целта е многу тежок.

Во Палермо на стадионот „Ренцо Барбера“ нашите најдобри фудбалери предводени од селекторот Благоја Милевски ќе му гостуваат на актуелниот европски шампион Италија.

Голем број на фудбалски експерти, навивачите очекуваат да гледаат финале помеѓу Португалија – Италија, и воедно жалат што една од овие две силни репрезентации ќе остане без учество на СП.

Така предвидува и искусниот португалски стратег Жозе Мурињо кој имаше славни моменти во Милано, односно со Интер успеа двапати да ја освои Серија А, а по еднаш Купот и Суперкупто на Италија, и Лигата на шампионите.

– Не треба да ги заборавиме Турција и Македонија. Мечот против Турците ќе биде тежок за нас, никој не очекува да бидам неутрален. Ја сакам Италија, да живеам таму и им се заблагодарувам на сите за тоа што го доживеав со Интер. Навивам за Португалија да оди на Мундијалот – рече Мурињо, кој сега е тренер на Рома.

Михајловиќ: Италија е фаворит и против Македонија, и против Португалија

Влезници за дуелот Италија – Македонија можат да се купуваат до вторник

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Констракта за „In corpore sano“: Стравот од старост е вовлечен насекаде!

Следно

Ковачевски: Кога ќе има документ прифатлив за двете страни, ќе биде споделен со институциите и јавноста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian