Мерцедес се подбива со киксот на Ред бул во Бахреин: Убаво е да се види ова

1 min read

Ферстапен и Перез не ја завршија првата трка сезонава (ГН на Бахреин), а од конкурентскиот штаб не можат да ја скријат радоста

Луис Хамилтон од Мерцедес успеа да се најде само на третото место на подиумот на првата трка во Формула 1 сезонава, а од штабот на германскиот тим не пропуштија да не се шегуваат на сметка на ривалите од Ред бул, поради тоа што обајцата возачи на овој тим, шампионот Макс Ферстапен и неговиот колега Серхио Перез, не ја завршија трката.

– Убаво е да се види ова – беше пораката од штабот на Мерцедес која сугерира на задоволство, набргу откако Макс Ферстапен и Серхио Перез се откажаа од трката поради технички проблеми.

Во Ф1 круговите се коментира дека овој злобен „твит“ од Мерцедес доаѓа како „одговор“ на ироничната забелешка на Ферстапен кој пред трката изјави дека е „многу разочаран“ што никој од возачите на германскиот тим не се најде во првиот ред на стартот на ГН на Бахреин. Во првиот ред на стартот беа Леклер и Ферстапен, а Хамилтон беше петти, зад обата возачи на Ферари и на Ред бул.

Инаку, на првата трка сезонава еден-два победа забележа Ферари со Шарл Леклер на чело, а Карлос Саинц на второто место. Подиумот го комплетира Луис Хамилтон.

Втората трка на програмата на Ф1 ќе се вози за Големата награда на Саудиска Арабија, на 27 март.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Слободно со… Петар Антевски, продуцент

Следно

Поранешните македонски амбасадори го повикаа Путин веднаш да ја запре агресијата врз Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian