Кремљ: Ништо од средба на Путин и Зеленски

1 min read

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одржа конференција за медиумите.

Кажа дека „државите кои имаат влијание врз Киев би требало да го искористат за Украина да биде поконструктивна во мировните преговори“, кажа Песков и додаде дека „разговорите со Украина не напредуваат толку колку што би сакала Русија“.

„Русија презема напори за да ги забрза преговорите“, кажа тој и додаде дека „нема основа за можна средба на рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски“.

Тврдењата дека руската војска не дозволува евакуација на украинските цивили ги нарече лажни и ги обвини украинските националисти дека ги спречуваат цивилите да се евакуираат преку хуманитарните коридори.

Кремљ предупреди пред состанокот на членките на Европската Унија дека можно европско ембарго на руската нафта би можел да го погоди целиот свет.

„Ембарго на нафтата би го погодило европското снабдување со енергија, додека Америка во случај на санкции не би изгубила ништо“, кажа Песков.

„Таквото ембарго би имало сериозно влијание на светскиот пазар на нафта, штетно влијание на енергетскиот пазар во Европа. Очигледно е дека Американците така ништо не би изгубиле, нивната позиција е подобра од европската. Сепак, таквата одлука би го погодила целиот свет“, додаде тој.

Европскиот увоз на руски енергенси досега беше поштеден од санкциите бидејќи Европејците многу зависат од руските нафта и гас. Особено е критикувана Германија која се противеше на моментално воведување ембарго на руските енергенси од кои нејзината економија зависи.

kurir.mk

Претходно

Месецов се воведува бесплатен автобуски превоз за пензионерите, најави Арсовска

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Берлускони се „ожени“ со 52-години помладата соработничка: Неговите деца не се воодушевени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian