Кајакарите на Арка-Борец Велес успешно ја започнаа меѓународната сезона

1 min read

Македонскиот кајак носи нови големи резултати, на „Завидовичи Опен“ во Босна и Херцеговина успешни беа натпреварувачите на Кајак Кану Арка-Борец Велес.

Во спринт прво место (млади пионери) освои Андреј Апостолов, во пионерска конкуренција второпласиран беше Благој Гугинов.

Кај кадетите прво место освои Кристијан Лазаров, а во сениори Александар Златаров стигна до втората, а Љубомир Спасиќ до третата позиција.

Во класик Андреј Апостолов (млади пионери) исто така се најде на врвот, Благој Гугинов (пионери) второпласиран, а второ место и за Кристијан Лазаров (кадети).

Во сениорска конкуренција Љубомир Спасиќ заврши на втората позиција, додека Александар Златаров на четвртото место.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вие прашувате – психолог одговара: Имам интензивни стравови и мислам на црни сценарија

Следно

РСБСП: Од загинатите во сообраќајки од 25 до 30 отсто се пешаци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian