Првиот вицепремиер Артан Груби во вечерашното гостување на ТВ21 откри дека Телеком без одлука на Влада не прифаќал да ги исклучи руските канали од својата понуда.
„Да, има доста руска пропаганда во Македонија. Ние како Влада делегиравме насоки согласно препораките на ЕУ. Пративме препорака за исклучување на руските ТВ канали и само Телеком Македонија не прифати без одлука на Влада за го исклучи каналот “Раша тудеј”. Донесовме Одлука и преку АВМУ се препорача на Телеком да се исклучи Russia Today“, рече вечерва во Клик Плус првиот вицепремиер Артан Груби.
Во однос на санкциите, Груби рече дека нашата земја „делува како да сме членка на ЕУ“.
„Ние делуваме како да сме членка на ЕУ во однос на санкциите кон Русија, ние сме 100% во склад со европските политики и ниввните одлуки. Таква беше и одлуката за борба против руската пропаганда каде како влада донесовме одлука за препорака за неемитување на руските тв-канали“, рече Груби.