ФОТО: Манчестер сити со најголеми приходи во минатата сезона

1 min read

Манчестер сити е клубот со најголеми приходи минатата сезона, според извештајот на „Money League“ кој веќе 25 годин го објавува ревизорско-консултантската фирма „Deloitte“.

Сити забележа годишен приход од 644,9 милиони евра, што е зголемување од 17% во однос на минатата година и 4,2 милиони евра повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.

Сити минатата сезона беше шести и сега за првпат е на врвот на листата на клубови со највисоки приходи.

За 25 години од истражувањето на „Money League“, приходите на Сити скокнаа од 14 милиони евра на 644,9.

Баерн е трет со 611,4 милиони евра, додека Барселона, која беше прва минатата сезона, падна на четвртото место со 582,1 милиони евра приход.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Жените на Твитер го осудија Здравко Чолиќ: Што ти требаше оваа песна?

Следно

ФОТО | Дара Бубамара даде преку 40 илјади евра за пластични операции: Ги следам светските трендови!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian