ФОТО | Констракта за „In corpore sano“: Стравот од старост е вовлечен насекаде!

2 mins read

Победничката песна на српскиот избор за песна на Евровизија, „In corpore sano“ предизвика вистинска револуција.

Стихот „Која е тајната на здравата коса на Меган Маркл“ се пее и не изглегува од увото, а луѓето на социјалните мрежи постојано даваат различни толкувања за целосниот концепт и метафорите на песната. Сите ги интересира што всушност, мислела Ана Ѓуриќ – Констракта, кога ги пишувала овие стихови.

Денес е денот на поезијата, па можеме да кажеме дека „In corpore sano“ e вистинско уметничко поетско дело, хибрид на новата перформативна поезија и начин на кој Ана го раскажува моменталниот светски поредок – пандемија, здравствено осигурување, несигурност, страв од старост во една комплексна, а едноставна песна.

“Низ тајната на здравата коса и хидратацијата добиваме прилика да купиме ова или она, и сами по себе стануваме како Меган Маркл. Ние сме целосно преокупирани да бидеме здрави и млади, а староста се смета за нешто непосакувано. Зад сиот тој страв, кој е вовлечен насекаде, всушност ние имаме потреба да трошиме, да купуваме, да се оддржиме млади“ – рече Констракта во емисијата „Културен дневник“.

Самиот термин „Немам здравствена книшка“ кој одекнува во дел од песната, пејачката го опишува како главна метафора, односно „крик“ на уметникот кој не секогаш има сигурна здравствена заштита.

„Нема да се одморам, ми се чини до јуни. Постигнавме значаен успех со оваа песна. Темата е универзална, а може да се перцепира низ различна публика. Таа ве вовлекува во приказната. Споменатата здравствена книшка е метафора за незаштитетноста на сите ние. Дури и кога ја имаш, пак одиш во приватни клиники – додаде Ана Ѓуриќ, и за жал е во право.

Која е Констракта, жената која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Птичји грип во Албанија, во Драч угинати најмалку 100.000 кокошки

Следно

Мурињо: Ја сакам Италија, но навивам за Португалија да оди на Мундијалот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian