ФОТО | Една од најбогатите Русинки објави: Членка на моето семејство почина во Украина

3 mins read

Претприемачката, инфлуенсерка и една од најбогатите Русинки, Мирослава Дума, е една од ретките Русинки кои во последните недели зборуваат против руската инвазија на Украина.

Мирослава Дума е една од основачите на модниот портал Биро 24/7, која создаде модна империја што се протега од нејзиното седиште во Москва до Монголија, Мексико, Малезија и пошироко. Според „W магазин“, нејзините проекти имаат над 10 милиони посети дневно на порталите.

Таа сега откри дека изгубила драга членка на семејството која починала сама во Украина.

„Ден 24. Една драга членка на нашето семејство почина синоќа во болница во Киев. Никој од нас не можеше да биде таму за да се збогува. Нека нејзината душа почива во мир“, го започнала своето тажно изложување Мирослава.

„Три бомби паднаа пред два дена во родниот град на моите родители, Лавов. Таму поминавме среќни денови во детството. Сè што невините луѓе сакаа и бараа беше мирен живот. И овие 24 дена засекогаш ги променија животите“, напишала таа.

„Моето срце и молитвите се со сите невини луѓе, граѓани и со оние на првата линија кои страдаат. Се молам мирот да дојде што е можно поскоро и Бог и универзумот да им дадат сила на луѓето во овие времиња. Целото мое семејство е родено во Украина. Моите браќа и сестри во моментот се во Украина. Луѓето и во Украина и во Русија имаат семејства и пријатели од двете страни. Нашата баба нѐ научи да се молиме на украински кога имав пет години и сите мои молитви, во среќните и тажните моменти, секогаш биле и сѐ уште се на украински. Никогаш не сум научила поинаку. Затоа што отсекогаш се сметав себеси за Украинка“, напишала Дума кон крајот на февруари, нагласувајќи дека таа е родена во руски Сибир, каде што нејзиниот дедо и неговото семејство биле прогонети.

„Тука пораснав. Тие две земји се мојата татковина. Срцето ми е скршено на две дела. Чувствувам тага и очај. Се молам за мир на нашата планета и за сите наши луѓе“, напиша Думата, која ја следат 1,8 милиони луѓе.

Инаку, Мирослава Дума (37) во декември 2020 објави дека боледува од ретко белодробно заболување и дека лекарите ѝ дале само седум месеци живот. Поради застрашувачките вести ги променила животните навики. Како што рече: „Сфатив колку го сакам животот, колку е убав нашиот свет и колку сакам да останам овде, со луѓето што ги сакам“.

„Модната кралица“, како што ја нарекуваа поради забележителните појавувања на модните и светски настани. Многумина ја сметтат за руска кралица на стилот, поради што секогаш седи во првите редови на модните недели во светските престолнини.

Мирослава Дума е во брак со рускиот претприемач Алексеј Микев, со кој има три деца. По дипломирањето меѓународен бизнис, на 26 години, таа ја основа медиумската платформа „Fashion Tech Lab“ и стана светски познато име.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОН уште еднаш ќе ја повикаат Русија да ја прекине воената операција во Украина

Следно

„Комсомолскаја правда“: Во Украина убиени се 9.861 руски војник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian