ФОТО | Дара Бубамара даде преку 40 илјади евра за пластични операции: Ги следам светските трендови!

3 mins read

Српската пејачка Дара Бубамара веќе неколку месеци ја интригира јавноста со својот нов изглед. За некои е непрепознатлива, за некои е само уште една во редот жени кои наместо да направат суптилна корекција, изгледа како сите други „ботокс“ девојки.

Затегнато лице, потесен нос и филери се само дел од операциите за кои коментираат нејзините следбеници на социјалните мрежи, а има и такви кои отворено ја исмеваат дека освен работата на пластичниот хирург, Дара успешно се „средува“ и со Фотошоп.

Сега е откриен и списокот наводно, со низа пластични операции кои Дара Бубамара ги направила досега, но не само тоа – се знае дури и ценовникот!

Дара ги има корегирано градите, кога првпат стави силикони пред 10тина години, а и самата зборуваше дека ги менувала неколку пати. Сега е горда сопственичка на „седмица“, а таа интервенција на градите фолкерката ја чинеше околу 15 илјади евра!

„Често ги менувам силиконите, затоа што е препорачливо. Слушам дека сум мета на озборувања, но можат само да ми плукнат под прозор. Ги следам светските трендови, доста е лажен морал“ – изјави Дара за српските медиуми.

Пејачката пред четири години ја шокираше јавноста кога во медиумите стигна информација дека за новата насмевка искеширала 18 илјади евра. Тогаш се пишуваше дека Дара ги правела новите заби во специјална клиника во Цирих, Швајцарија, а се одлучила за тој потег затоа што тие имаат најсовремени методи за поправка на заби.

Таа ги дополнуваше и усните неколку пати. Последнта корекција ја направи пред неколку месеци, кога се забавуваше со 20 години помладиот партнер, Тони. Цената на кубик филери за усни е околу 150 евра, а се претпоставува дека Дара за целокупниот изглед, годишно вложила околу 2500 евра.

Најновите фотографии на фолкерката сведочат дека таа не само што се подмладува, туку си вбризгува филери и ботокс. Сите козметички интервенции чинат околу 300 евра во белградските клиники, а треба да се повторуваат на секои 6 месеци за да изгледа лицето добро и негувано.

Најозборуваната операција на која Дара подлегна е операцијата на носот, кој го промени личниот опис на пејачката, велат коментарите и на социјалните мрежи. Дара пред да го објави своето „ново лице“, беше во Турција, па многумина претпоставија дека таму го направи зафатот. Оваа операција чини помеѓу 4000 и 7000 илјади евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Манчестер сити со најголеми приходи во минатата сезона

Следно

Партизан Водно Санс е шампион во Европската младинска кошаркарска лига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian