Дибала нема да потпише нов договор со Јувентус

1 min read

Не се дојде до договор помеѓу Јувентус и Пауло Дибала за продолжување на соработката, така информира италијанскиот „Скај Спорт“.

Позицијата на „Старата дама“ сега е јасна по средбата со агентот на Дибала. Аргентинецот нема да потпише нов договор под сегашните услови и ќе го напушти Торино како слободен агент.

Неговиот важечки договор со Јуве истекува на 30 јуни 2022 година, сезонава во Серија А досега запиша осум голови во 21 настап.

Имаше вербален договор минатиот октомври за осум милиони евра плус два милиони нето плата до 2026 година, а потоа од Јувентус одлучија да го променат својот предлог.

Дибала не е задоволен од сегашните, новите услови и сега може да преговара со други клубови. Од 2015 година е член на клубот, претходно ги бранеше боите на Палермо и Институто во Аргентина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови сознанија: Меркур можеби содржи 16 милијарди тони дијаманти

Следно

„Слободен печат“: Пратениците „машки“ се дигнаа против лесната промена на полот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian