Чесите се плашат од она што ги чека во баражот за СП 2023: Сите знаеме како е во Македонија

2 mins read

Чешкиот репрезентативец Станислав Кашпарек предупредува на притисокот од трибините што го чека неговиот тим на реваншот во Македонија и апелира да обезбедат голема предност уште во првиот меч

Чешкиот ракометен репрезентативец Станислав Кашпарек предупредува дека неговиот тим ќе има тешка задача да ја помине Македонија во бараж двомечот за пласман на СП 2023, особено затоа што реваншот се игра во Скопје. Првиот меч се игра во Чешка на 13 април, а реваншот во Македонија на 16 април. Победникот оди на СП 2023.

– Тоа е наш традиционален ривал, сме се сретнале многу пати на вакви елиминациски мечеви. Многу ќе зависи од првиот меч. Ни треба голема разлика бидејќи сите многу добро знаеме како изгледа во Македонија, каде што ќе присуствуваат 8.000 балкански фанови. Ќе мораме да изиграме добро дома. Нема калкулации, сакаме да се пласираме на СП 2023, тоа е јасно – вели Кашпарек.

Во првата фаза од баражот Македонија ја совлада Романија со вкупен резултат од 52-46 откако дома победи со осум гола разлика, а на гости загуби со два гола негатива. Чесите беа слободни во тој прв дел од баражот, па играа пријателски двомеч со Србија. Првиот меч го изгубија со 24-23, а вториот меч го добија со 30-26.

Чесите имаат нов селектор Шпанецот Хавиер Сабате, со кој сакаат да се пласираат на СП. Чешка нема уествувано на СП од 2015 година. На последното СП 2021 во Египет, Чесите го откажаа учеството во последне момент поради проблеми со коронавирусот. Тогаш Македонија ги замени како учесник.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Берлускони се „ожени“ со 52-години помладата соработничка: Неговите деца не се воодушевени

Следно

Стојаноски: За пензија, маж ќе стане жена, па по две години пак ќе стане маж

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian