Жителите на Колешино на протест против дивата сеча на Беласица

1 min read

Жители од села под планината Беласица денеска со мирен протест и блокада на регионалниот пат во селото Колешино побараа запирање на дивата сеча која, како што велат, им се заканува со безбедноста на селата и квалитетот на водата за пиење.

Тие порачаа да се запрат дивите сечачи на огревно дрво, но не се против стопанисувањето со шумскиот фонд.

-Еве сега да отидеме на планината ќе најдеме камиони без регистрации чии сопственици сечат кај ќе најдат.Од тоа можат да се создадат свлечишта и да се загадат изворите од кои пиеме вода, изјави жител на протестот.

Според жителите, едно од решенијата е контрола на сите возила кои одат кон планината. Да се постават рампи, а некои подрачја да се прогласат за споменик на природата.

Жителите од овој регион протестираа и мината недела, а доколку не се исполнат нивните барања најавувата блокади на гранични премини.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кристоферсен го освои малиот кристален глобус во слалом

Следно

Приведен малолетник од Скопје кој уценувал поранешна девојка со компромитирачки материјали

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian