За неколку часа вчера приведени осум лица поради најдена дрога

1 min read

Во Тетово осум лица се приведени за неколку часа во два одвоени случаи на откриена дрога.

Прво при претрес кои го направиле полицајци во угостителски објект и плац за стари возила, во рамки на кој се наоѓал објектот, лоциран на улица „Видоја Смилевски-Бато” од 19 часот и 30 минути до 22 часот приведени се шест лица.

– Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер по претходно извршен претрес во објект сопственост на Н.С.(31) од тетовско Шемшово ги лишиле од слобода:Љ.С(24),С.А.(33) од Тетово, М.А.(37), од тетовски Порој, С.С.(29), С.С.(36),двајцата од Шемшово и сопственикот на објектот.При претресот, реализиран со судска наредба,  на различни места, биле пронајдени 25 паковки кокаин и марихуана.Сето пронајдено е фотодокументирано и подигнато за вештачење. Лишените лица задржани се во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Дваесетина минути по полноќ, на улица „113″ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца жители на Тетово на 40 и 43 години затоа што при преглед им биле пронајдени марихуана и дробилка. Двајцата се задржани за расчистување и документирање на случајот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Критично болните пациенти со ковид бавно се будат по „симнувањето“ од респиратор

Следно

Револтирана скопјанка: Под флоскулата „граѓаните на Скопје“ се кријат неодоговорни и себични луѓе кои не се грижат за околината во која живеат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian