Влезници дуелот Италија – Македонија можат да се купуваат до вторник

2 mins read

Фудбалската федерација на Македонија објави дека платформата за купување билети од денеска повторно е отворена и навивачите ќе имаат можност да купат билети за бараж натпреварот против Италија што ќе се игра во Палермо, до вторник до 12:00 часот.

Повторното отворање на платформата за продажба на билети на Италијанската фудбалска Федерација е резултат на одлуката на италијанските власти да дозволат исполнување на целиот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Македонските навивачи и љубители на фудбалот кои веќе поседуваат кодови за купување на влезници, а од технички или други причини не успеале да ја завршат процедурата за купување на влезници, можат повторно да влезат во системот за продажба на билети и да ги купат бараните влезници.

Лицата кои аплицирале за билети и имаат добиено кодови треба да пристапат на следниот ЛИНК за билети.

Со добиените кодови од одделот за билети на ФФМ ги купуваат истите, а билетот го добиваат во електронска форма.

Пред да отпатуваат за Италија, навивачите задолжително мора да го пополнат и поседуваат формуларот кој се наоѓа на следниот ЛИНК.

Навивачите на македонската репрезентација кои немаат аплицирано за кодови за купување на билети, а се заинтересирани за следење на натпреварот Италија – Македонија во Палермо може да аплицираат за влезници преку електронска најава (име, презиме и број на билети) испратени на e-mail адресата [email protected]

Доколку има можност истите да ви бидат ставени на располагање, на e-mail адресата од која е испратено барањето, добивате посебен код за пристап на следниот ЛИНК.
Македонските навивачи кои ќе патуваат во Палермо, Италија за натпреварот Италија – Македонија мора да ги почитуваат следните регулативи на италијанските власти во услови на пандемија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Нина Бадриќ со трогателна објава за својот татко: Додека не се сретнеме повторно…

Следно

Калас: Путин не смее да победи во оваа војна

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian