Викторија Спенџарска Стин ни подготви супа од црвена леќа и хељда

1 min read

Викторија Спенџарска Стин е мајка на слатките Љубљана и Емона, активист во неколку невладини организации и поборник за здрав начин на живот.

Оваа прекрасна жена стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_, кој ќе ве освои од прва со шаренилото и веднаш ќе посакате да рекреирате некој од нејзините здрави рецепти.

Викторија Спенџарска Стин ни носи несекојдневен десерт: Чизкејк со лимета и зелена мача

Викторија денес споделува рецепт за вкусна супа од црвена леќа и хељда.

„На сите вас што сакате да постите или да пробате веган исхрана ама си мислите дека е многу тешко, ви препорачувам да почнете со само еден ден како за проба и ќе видите дека има голем избор на посна храна што е превкусна и дека воопшто не е тешко“, вели таа.

Потребни состојки:

– 1 главица кромид
– 3 чешниња лук
– 1 тиквичка
– 1 домат
– 200 гр црвена леќа
– 100 гр хељда
– коцка за супа или литар домашен бујон
– зачини по желба (јас користев буковец, шарена сол, црвен пипер, и нане)

Подготовка:

На малку масло се пропржуваат кромидот и лукчето па се додаваат тиквичката и доматот. Се полева со вода или домашен бујон и се ставаат зачините, леќата и хељдата и се вари околу 15-20 минути. Брзо, здраво и вкусно – најдобрата комбинација.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џонсон критикуван дека ги споредува Украинците со поддржувачите на Брегзит

Следно

Кулушевски: Сакам да играм и за Македонија, но ја избрав Шведска бидејќи таму сум роден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian