ВИДЕО: Стравичен пад на Маркез, Шпанецот леташе во воздух

1 min read

Втората трка во Мото ГП шампионатот што се возеше за Големата награда на Индонезија заврши со триумф на Мигел Оливеира, но трката ја одбележаа дождот и стравичниот пад на осумкратниот шампион Марк Маркез.

Шпанецот кој вози за Репсол Хонда на последниот тренинг пред трката доживеа стравичен пад кога во дел од секундата загуби контрола на својот мотор и прво леташе во воздух, а потоа падна на патеката.

По извршените прегледи, беше утврдено дека Маркез има потрес на мозокот и стјуардите и лекарите не му дозволија да настапи на трката.
Како изгледаше стравичниот пад на Маркез може да погледнете на следното видео:

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украински бенд го преработи хитот „London Calling“: Сега Киев го повикува целиот свет!

Следно

Џонсон критикуван дека ги споредува Украинците со поддржувачите на Брегзит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian