ВИДЕО: Фудбалерите се собраа, започнува „операцијата Италија“

1 min read

Со вечерашниот собир во хотелот Хилтон, започнаа подготовките за исторскиот наптревар против Италија на фудбалската репрезентација на Македонија во бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Катар.

Селекторот Благоја Милевски ги пречека поголем дел од репрезентативците, а дел од нив ќе допатува утре бидејќи денеска имаа обврски со своите клубови.

Првиот тренинг е закажан за утре во 17 часот кога селекторот Милевски се очекува да ја има комплетната репрезентација на располагање.

Предвидено е фудбалерите да одржат два тренинзи, утре и задутре, по што репрезентацијата ќе замине за Палермо каде на 24 март избраниците на селекторот Милевски ќе играат против Италија во полуфиналето од баражот за пласман за СП во Катар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Жител на Миколаев во Украина секој ден ја свири химната од својот балкон

Следно

Денеска евакуирани 7.295 луѓе, се праќаат 50 автобуси во Мариупол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian