УНХЦР: Досега 10 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина

1 min read

Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Филипо Гранди објави дека досега 10 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина, како резултат на руската воена операција, што е повеќе од една четвртина од нејзиното население.

-Меѓу одговорностите на оние кои се во војна, насекаде низ светот, е и страдањето на цивилите кои се принудени да ги напуштат своите домови. Војната во Украина е толку разорна што 10 милиони луѓе побегнаа, се раселени во земјата или побегнаа во странство, напиша Гранди на Твитер, објави Би-Би-Си.

Руската воена операција во Украина почна на 24 февруари и оттогаш милиони луѓе побегнаа во соседните земји. Само Полска прими повеќе од два милиона украински бегалци.

kurir.mk

Претходно

Подмладок во скопската зоолошка, се родија три лавчиња

Следно

Добредојде пролет: Дали знаете зошто почнува на 20, а не на 21 март?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian