Сообраќајна рација во Чаир, за еден ден казнети 144 возачи

1 min read

Министерството за внатрешни работи информираш дека денес во периодот од 10.00 до 16.00 часот спроведена е засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на општина Чаир.

При контролата санкционирани се 144 возачи, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 возач, 28 возеле без возачка дозвола, 13 користеле мобилен телефон, пет возеле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Засилените акциски контроли продолжуваат.

Полицијата апелира до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

skopjeinfo.mk

Претходно

Ин мемориам: Во Битола почина проф. д-р Божидар Маслинков

Следно

Зеленски се обрати пред израелскиот Парламент: Можете да им помогнете на Украинците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian