Швјонтек ја освои титулата во Индијан Велс

1 min read

Полската тенисерка Ига Швјонтек е победничка на турнирот од мастерс серијата 1000 во Индијан Велс откако во финалето ја победи Марија Сакари од Грција со 6:4,6:1.

Ова воедно е втора титула по ред за Швјонтек на ВТА 1000 турнирите откако претходно славеше во Доха и ја оствари 11 победа по ред.

Триумфот во Индијан Велс ќе и го донесе и второто место на ВТА ранг-листата која ќе излезе утре, што е нејзин најдобар пласман во кариерата, додека финалистката Сакари ќе биде трета.

Таа до титулата дојде за 80 минути игра. Првиот брејк на мечот го направи Швјонтек кога поведе со 4:2, но Сакари веднаш возврати и израмни на 4:4. Потоа полската тенисерка беше сигурна на свој сервис за 5:4 во гемови, по што во маратонскиот десетти гем ја искористи третата брејк топка и поведе со 1:0 во сетови.

Во вториот сет, Швјонтек ја презема контролата на мечот, играше поагресивно и го напаѓаше сервисот на противничката и таквата игра и вроди со плод. Направи два брејка и со убедливи 6:1 триумфиураше во вториот сет, што значеше титула.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Келн ги запре „милионерите“ и му направи услуга на Баерн

Следно

Од Мариупол излезе последниот ЕУ дипломат, грчкиот конзул се врати во Атина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian