Револтирана скопјанка: Под флоскулата „граѓаните на Скопје“ се кријат неодоговорни и себични луѓе кои не се грижат за околината во која живеат

3 mins read

Не може автомобилот да го оставаш на среде паркинг, ѓубрето во ходник или во лифт, чаршавот после јадење да го тресеш преку балкон пред зграда и да мислиш дека си урбан и културен лик од Скопје. Едноставно навиките и гестовите се дел од твојата лична култура. Вака скопјанка Марија го започнува своето револтирано обраќање за тоа што секојдневно се случува во Скопје, во нејзината зграда и во нејзината околина.

Вели дека со нашите лични навики секојдневно од Скопје правиме едно нечисто, несредено и хаотично село во кое владее културолошка анархија и додаваа дека под флоскулата „граѓани на Скопје“ за жал доминантно се кријат неодговорни, некулктурни и себични луѓе кои воопшто не ги интересира средината во која живеат.

Денешниот изглед и хаос на градот е последица само на неодговорноста за градот. Лошите навики и ниската култура на сите ни пречи, но ретко кој има храброст искрено да реагира за проблемите со кои се соочуваме и така тие тлеат, а Скопје наместо урбана метропола станува град на лоша култура, хаос и лично дивеење на поединци. Се чини како да кренавме раце од градот, а до кога ќе го трпиме ова?

Марија раскажува дека долго време живее во градот, но скопјанец не ја прави овој факт или пак фактот дека нејзините родители се родени тука. Напротив, грижата за средината во која живее и за градот ја прават одговорен скопјанец.

Навистина не ја сакам оваа изрека „човек може да излезе од селото, но селото не излегува од него“ додаваа таа, но не може од еден главен град да правиме село, само поради однесувањето на поединците и тука не мислам на селани заради тоа што тие се чесни и вредни луѓе, мислам на луѓе кои однесуваат селски насекаде каде одат.

Преполни контејнери, смет насекаде, хаотични паркинзи, лошо возење, урлање по улица – зарем ова се карактеристики на еден урбан и културен народ прашува таа и апелира до сите свесни граѓани да бидат поодговорни и со својот пример да влијаат на средината во која живеат.  

Дали Скопје ќе го направиме Лондон или пак некоја обичен валкан град во Африка зависи од сите нас, нашата свест и влијанието на околината, заклучува таа.

skopjeinfo.mk

Претходно

За неколку часа вчера приведени осум лица поради најдена дрога

Следно

Од кујната на баба: Похувани полнети палачинки со сирење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian