Пораст на бројот на заболени од ковид-19

1 min read

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.133 тестови, а регистрирани се 214 нови случаи на ковид-19: Скопје – 135, Битола – 20, Прилеп и Охрид – по 10, Кавадарци – 8, Струмица – 7, Куманово – 5, Кочани – 4, Тетово, Велес, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Вландово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 реинфекциии.

Регистрирани сe 96 оздравени пациенти од: Скопје – 64, Охрид – 8, Куманово и Велес по – 5, Кавадарци – 4, Битола – 3, Кочани – 2, Кичево, Гевгелија, Струга, Радовиш и Кратово по – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: по две починати лица од Скопје (83г и 79г) и Битола (78г и 68г) и едно починато лице од Кочани (76г). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Куманово (1) и Тетово (1), на возраст од 59 до 69 години. Пријавените лица се починати во период од 12.02. до 25.02.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (8), кај 7 се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.937.970 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.354, бројот на оздравени пациенти е 292.048, на починати е 9.180, а бројот на активни случаи изнесува 2.126.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Принцот Чарлс сака да ги смести украинските бегалци на своите имоти

Следно

Подмладок во скопската зоолошка, се родија три лавчиња

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian