Подготвени за нов чекор: Џенифер Лопез и Бен Афлек купиле луксузна вила за 50 милиони долари

1 min read

На почетокот на мај минатата година, Бен Афлек и Џенифер Лопез ги воодушевија своите обожаватели со обновувањето на нивната романса. Двојката реши по дваесет долги години разделба, да си дадат уште една шанса, а се чини дека веќе се подготвени за нов чекор во врската.

Светските медиуми пишуваат дека Бен Афлек и Џенифер Лопез новата импресивна вила на Бел Ер, Канзас ја купиле за неверојатни 50 милиони долари.

Актерско-музичката двојка се одлучила за имот од дури 1.800 метри квадратни, кој вклучува десет спални соби и дури седумнаесет бањи.

џенифер лопез бен афлек
Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Во идниот дом кој го одзема здивот има и домашно кино, теретана, неколку кујни, огромен базен и дел за персоналот. Архитектонски посебен е и самиот пристап до куќата кој е изградена во кружен модел и делува како сите вили од холивудските филмови на богатите и престижни американски семејства. Внатрешноста на вилата била со класичен и многу луксузен тон, со многу златни, беж нијанси, кадифе и масивно дрво.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Како што пишуваат американските медиуми, Бен и Џенифер од минатото лето го бараат својот заеднички дом, а се чини дека во оваа убавица нашле се што им е потребно за мирен и семеен живот.

Да потсетиме, Лопез има близнаци со поранешниот сопруг Марк Ентони, а Афлек од бракот со актерката Џенифер Гарнер има три деца.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски ја продолжи воената состојба во Украина за 30 дена

Следно

Кристоферсен го освои малиот кристален глобус во слалом

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian