Палачинките ги сакаме во сите варијанти. Ги консумираме како предјадење или главно јадење, за појадок, ужина или вечера.
Комбинацијата од класично тесто за палачинки, вкусен фил, а сето тоа завиткано во крцкава обвивка од презла, навестува вистинска гурманска гозба.
Состојки:
За полнење на палачинките:
– 100 гр сирење
– 1 жолчка од јајце
За похување:
– 1 белка од јајце
– 1 цело јајце
– 50 гр брашно
– 50 гр презла
– масло
Подготовка:
Издробете го сирењето, додадете ја жолчката и изматете/изедначете. Палачинките (со млеко, брашно, јајца) испечете ги и секоја премачкајте ја со сирење и свиткајте ги рабовите двапати.
Извалкајте ги во брашно, јајца и презла.
Пржете ги во длабоко масло и по пржењето ставајте ги на хартија за да ја впие вишокот маснотија.
Послужете ги додека се топли.