На Косово запленети два тони македонски мед, возачот на комбито побегнал

1 min read

Косовската полиција објави дека денеска околу пладне, во село во близина на косовско-македонската граница, запленила 2.000 килограми мед, кој со возило комби бил илегално внесен од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според полициското соопштение, патрола на пограничната полиција од станицата во Жегра го забележала сомнителното возило со бела боја во селото Дебелде, близу градот Витина во регионот на Карадак – Скопска Црна Гора, на границата со Северна Македонија.

Возилото било запрено при обид да изврши нелегална трговија со медот, додека возачот го искористил планинскиот терен и успеал да побегне во непознат правец.

Возилото и товарот се запленети и предадени на Царините на Косово, додека случајот е оквалификуван како „криумчарење стоки” и е проследен во натамошна судска процедура.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ливерпул се вклучува во трката по потписот со Левандовски

Следно

Лапид: Израел ќе продолжи да и помага на Украина колку што може

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian