Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година со денешниот собир ги започна подготовките за претстојните квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2023 што ќе се игра во Романија и во Грузија.
Младите репрезентативци прво на 24. март и гостуваат на Србија, а натпреварот ќе се игра во Белград, додека на 29 март „црвено-жолтите“ на Националната Арена „Тодор Проески” ја пречекуваате селекцијата на Фарски Острови.
Македонија по шест одиграни наптревари во групата Х се наоѓа на третото место со шест бода, колку што има и селекцијата на Фарски Острови, додека Србија има пет бода. Лидер на табелата е Франција со 16 бода, а Украина и втора со 13 бода.