Ливерпул се вклучува во трката по потписот со Левандовски

1 min read

Англискиот премиерлигаш планира да се вклучи во битката за ангажирање на еден од најдобрите напашаѓи на денешницата, Роберт Левандовски.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, последните неколку сезони игра без класичен голгетер, Мохамед Салад, Садио Мане и Роберто Фирмињо, не се класични „деветки“, но и покрај тоа екипата игра одличнно и успеа да триумфира во Лигата на шампионите (2019) и во Премиер лигата (2020).

Денеска шпанските медиуми пишуваат дека Ливерпул будно ја следи ситуацијата во Минхен и доколку Левандовски не потпише нов договор со Баерн, Клоп ќе се обиде да го донесе полскиот репрезентативец на „Енфилд“.

Левандовски и Клоп имаа одлична соработка во Борусија Дортмунд и успеаја да му земат една титула на Баерн во Бундеслигата, а во 2012 година играа и во финалето во Лигата на шампионите каде загубија од големиот германски ривал со 2:1.

Евентуалниот трансфер на Левандовски би го чинел Ливерпул околу 70 милиони евра, сума која англискиот тим планира да ја плати само за да го донесе на „Енфилд“ еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Канје Вест доби забрана да се појави на Греми: Нема оправдување за говор на омраза и вознемирување

Следно

На Косово запленети два тони македонски мед, возачот на комбито побегнал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian