Шведскиот репрезентативец Дејан Кулушевски кој настапуваше за младата репрезентација на Македонија и кој крена прашина во нашата јавност кога не сакаше да даде изјава на македонски јазик по еден натпревар на Тотенхем, сега објасни дека многу му значи неговото потекло.
– За моето семејство, но и за мене, Македонија е многу важна. Мајка ми постојано ми вели дека никогаш не треба да заборавиме од каде доаѓаме. Секое лето одам во Македонија и многу ми се допаѓа. Секогаш сум велел дека најдобро би било да можев да играм и за Шведска и за Македонија. Но, кога веќе морав да бирам, ја одбрав Шведска зашто таму сум и роден – рече меѓу другото Кулушевски.