Критично болните пациенти со ковид бавно се будат по „симнувањето“ од респиратор

1 min read

Споредено со просечната брзина на будење на пациентите по „отстранување“ од респиратор, на критично болните лица со коронавирус често им е потребно многу подолго време за да се освестат, утврдија научниците.

Американските научници прегледале податоци од 795 пациенти хоспитализирани со тежок ковид-19 во три медицински центри за време на првите два брана на пандемијата.

Сите биле на респиратори најмалку шест дена, во текот на кои биле во кома.

По „симнувањето“ од респираторот, 72 отсто конечно се освестиле, но на 25 отсто од пациентите им биле потребни најмалку 10 дена за да се разбудат, а на 10 отсто – 23 или повеќе дена за да закрепнат.

На пациентите кои доживеале најмногу епизоди на недостаток на кислород им требало најдолго време за да се освестат, велат научниците.

„Нашите наоди укажуваат дека за пациентите со тежок ковид, одлуката да се прекине одржувањето на живот не би требало да се заснова само на продолжени периоди на несвест, бидејќи овие пациенти на крајот може да закрепнат“, рекол д-р Јан Класен од медицинскиот центар „Ирвинг“ при универзитетот „Њујорк – Пресбитеријан / Колумбија“.

„Овие наоди обезбедуваат попрецизни информации за насочување на семејствата кои одлучуваат дали да продолжат со терапија за одржување на животот кај пациентите со ковид-19 без свест“, навел во соопштението колегата на Класен, д-р Брајан Едлов од Општата болница во Масачусетс.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чеку: Косово во НАТО по скратена процедура со оглед на оваа безбедносна ситуација

Следно

За неколку часа вчера приведени осум лица поради најдена дрога

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian