Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен го малиот кристален глобус во слалом, откако го освои второто место на последната трка во оваа дисциплина во Светскиот куп која се возеше во Мерибел.
Победата му припадна на неговиот сонародник Атле Ли Мекграт со време 1:34.52 минути, додека Кристоферсен заостана 0.37 секунди. Австриецот Мануел Фелер заврши на третото место на трката во Мерибел со заостаток од 0.77 секунди зад победникот.
Кристоферсен до третиот кристален глобус во слалом дојде со 451 бод, втор заврши Фелер со 361 бод, доеека Мекграт е трети со 348 бода.
Во генералниот пласман во Светскиот куп најдобар е Марко Одермат со 1.639 бода, додека на второто место заврши Норвежанецот Александер Омот Килде со 1.172 бода, а трет е Кристоферсен со 954 бода.