Келн ги запре „милионерите“ и му направи услуга на Баерн

1 min read

Фудбалерите на Келн и на Борусија Дортмунд одиграа без победник 1:1 во рамки на 27 коло од Бундеслигата.

Борусија со ремито му дозволи на Баерн да го зголеми водството на лидерската позиција на табелата на шест бода на седум кола до крајот на сезоната. Баерн е лидер на табелата со 63 бода, додека Борусија има 57 бода.

„Милионерите“ поведоа уште во осмата минута со голот на Волф, но домашниот тим дојде до израмнување во 36 минута преку Андерсон.

Борусија во вториот дел имаше голема шанса да дојде до трите бода, Ерлинг Халанд во 56 минута излезе сам пред голманот Мартин Шваб, но не успеа да погоди.

Баер Леверкузен уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма и славеше на гости кај Волфсбург со 0:2. Двата гола беа постигнати во финишот од натпреварот и тоа од страна на Паулињо, првиот во 86. минута, а вториот во втората минута од судиското продолжение.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Леона Луис и нејзиниот сопруг го очекуваат своето прво дете

Следно

Швјонтек ја освои титулата во Индијан Велс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian