Канје Вест доби забрана да се појави на Греми: Нема оправдување за говор на омраза и вознемирување

2 mins read

Раперот Канје Вест требаше да настапи на 64-тото доделување на Греми наградите кое ќе се одржи следниот месец, но настапот сега е откажан поради неговото однесување на социјалните мрежи, пренесуваат странските медиуми.

Имено, настапот на 44-годишниот рапер е откажан поради говор на омраза, злоупотреба и вознемирување на неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан и нејзиното момче, комичарот Пит Дејвидсон, како и поради расистички навреди упатени кон водителот на „The Daily Show“, Тревор Ноа кој воедно ќе биде водител на доделувањето на Греми наградите.

ФОТО+ВИДЕО | Временски приказ: Сè што треба да знаете за триаголникот на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон и Канје Вест

Се шпекулира дека организаторите на престижните музички награди го откажале неговиот настап бидејќи не го поддржуваат однесувањето на раперот.

„Канје Вест доби забрана да се појави на доделувањето на Греми наградите поради неговото однесување на социјалните мрежи“, изјавиле организаторите.

Раперот досега има освоено 22 Греми награди од вкупно 75 номинации. А оваа година се бори за пет награди. Портпаролот на раперот изјави дека „тимот на Канје не е изненаден од оваа одлука“.

epa-efe
Канје Вест / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Да потсетиме, Канје беше привремено суспендиран на 24 часа од социјалната мрежа „Инстаграм“ поради ширење „говор на омраза и вознемирување“ што воедно ја прекршува политиката на платформата.

Вест објави бројни пораки во кои се исмеваат Кардашијан и комичарот Дејвидсон. Тој исто така објави пораки во кои Кардашијан вели дека „создава опасна и застрашувачка средина“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски се обрати пред израелскиот Парламент: Можете да им помогнете на Украинците

Следно

Ливерпул се вклучува во трката по потписот со Левандовски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian