Италијанската мафија може да ја искористи ситуацијата во Украина

1 min read

Италијанските мафијашки групи би можеле да ја искористат ситуацијата во Украина за да добијат одредени придобивки, предупреди денеска Федерико Кафиеро де Рахо, главниот обвинител за борба против мафијата.

– Секогаш кога има вонредна ситуација, мафиите се обидуваат да искористат канали преку кои можат да навлезат и да успеат. Таквата шема „се повторува и постојано се открива во судската историја“, додаде италијанскиот обвинител.

Тој смета дека во сегашната ситуација криминалните групи директно ќе имаат корист од текот на конфликтот и „проблемите на пазарот, за да добијат предност, од една страна, над стоките, а од друга, над оружјето“. Според него, станува збор за можно засилување на шпекулативната активност на пазарот, како и за ризиците од нелегално набавување оружје.

kurir.mk

Претходно

Приведен малолетник од Скопје кој уценувал поранешна девојка со компромитирачки материјали

Следно

Сезона на Овен: Поттик за акција и освојување, овој период ќе биде особено погоден за некои хороскопски знаци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian