ФОТО: Украинска атлетичарка со порака на лицето скокаше на СП во Белград

1 min read

На Светското првенство во атлетика во сала што се одржува во Белград настапуваат и украински атлетичари иако во нивната земја беснее војна по руската инвазија, а Јана Хладичук настапи со порака на лицето.

Младата 20-годишна Украина беше дел од натпреварувачките во дисциплината скок со стап и пред нејзиниот настап на своето лице напиша „стоп за војната“ и веднаш стана хит на социјалните мрежи.

– Некако успеавме да пристигнеме во Белград, јас патував 2000 километри и ми требаа три дена. Сега сме во Белград, но со мислите сме во Украина и сакаме да ја преставиме нашата земја на најдобар можен начин – изјави Јарослава Махучин, која стана светска шампионка во скок во височина.

Јана на крајот заврши на четвртото место, а нова светска шампионка е Американката Санди Морис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Боки-13 со емотивна објава за Марина Туцаковиќ: Жалам и се каам што не те послушав за еден човек…

Следно

Тренчевска: Намерата на Владата е во период на пандемија и економска и енергетска криза да им помогне на што поголем број граѓани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian