ФК Вардар и Комити гневни на судењето: Дали има поента да се доигра сезонава

3 mins read

Челниците на ФК Вардар и неговите верни навивачи „Комити“ реагираат на судењето во Втората фудбалска лига, но не на нивниот натпревар, туку на мечот помеѓу Охрид и Воска која и директен конкурент на Вардар за пласман во Првата лига.

Екипата на Воска триумфираше со гол од пенал досуден во финишот од натпреварот, а управата на Вардар реагира на судењето.

„Дали има поента да се доигра оваа сезона?
По којзнае кој пат сезонава сведоци сме на катастрофално судење и калкулантско досудување пенали на директните ривали, па по неполн месец од досудување на еден од најскандалозните пенали за екипата на Воска денеска повторно на идентичен начин е подарена победата со непостоечки пенал кој што во најмала мера е комичен како што може да се уверите во видеата.
ФК Вардар јавно ја прашува Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Мухамед Сејдини (@www.ffm.mk) и челниците на судиската комисија дали оваа сезона има однапред решени финални позиции на табелата?
Дали ФК Вардар е трн во око некому и дали свесно треба да ја напуштиме лигата?“, се прашуваат во Вардар.

 

Со своја реакција се јавија и „Комитите“ кои сметаат дека Воска е фаворизирана од политички структури и ја има целосната поддршка на раководството на Фудбалската федерација на Македонија.

„ИГОР СТОЈЧЕВСКИ Е ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА КРИМИНАЛНОТО И ПАРТИЗИРАНО ФФМ!
Цела сезона сме сведоци на јасното фаворизирање на фудбалскиот клуб Воска од страна на политички структури, секако со целосна поддршка од страна на Фудбалската Федерација на Македонија. Денешното, во најмала рака срамно судење од страна на судијата Игор Стојчевски е уште еден доказ дека фудбалот во Р. Македонија не се игра за навивачите туку исклучиво за политичките елити! Ние нема да молчиме. Бараме од ФК Вардар да се огласи по повод денешното и по повод сите изминати тендециозни судења кои оделе во корист на Ф.К. Воска.
ФК ВАРДАР е поголем од сите ваши местенки и желби да го згаснете !
Ова не е амнестија за нашите лоши партии, за лошата поставеност во клубот на сите нивоа, за неискреноста, за неисполнетите ветувања за голем Вардар !
За тоа нема оправдување и никој нема да прости доколку не влеземе во прва лига !
Но тенденциозноста е очигледна, и повторно денес, како и предходно низ историјата сме опструирани од локални моќници – феудалци, порано беа Харалампие, потоа покојните Ѕинго и Таковски… Но да не заборавиме, тогаш бевме опструирани за титулата прваци, а денес за второ место во втората лига !
Воедно честитки до Вардарци за денешната победа на гостувањето кај Велешта“, пишува во соопштението на „“Комитите“.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Македонскиот Евросонг и српската Беовизија под лупа на Сергеј или каде греши МТВ

Следно

Зеленски: Блокадата на Мариупол ќе влезе во историјата како воено злосторство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian