Денеска евакуирани 7.295 луѓе, се праќаат 50 автобуси во Мариупол

1 min read

Од украинските градови денеска преку хуманитарни коридори  се евакуирани 7.295 луѓе, изјави потпретседателката на украинската Влада, Ирина Верешчук.

Таа истакна дека функционирале четири од седумте планирани рути.

Од вкупниот број, 3.985 луѓе се евакуирани од опколениот град Мариупол во градот Запорожје.

– Украинската Влада планира утре да испрати речиси 50 автобуси во Мариупол за натамошна евакуација, додаде Верешчук.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО: Фудбалерите се собраа, започнува „операцијата Италија“

Следно

Леона Луис и нејзиниот сопруг го очекуваат своето прво дете

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian