Бесплатни стоматолошки услуги за 63 ученици од социјално загрозени семејства во општина Центар

1 min read

Општина Центар во соработка со Стоматолошкиот факултет – Скопје овозможи бесплатни стоматолошки услуги за 63 деца од сите осум основни училишта во општината кои спаѓаат во социјално ранливите категории.

По повод Светскиот ден на оралното здравје, Општина Центар информира дека за оваа услуга која децата ја добиваат на Стоматолошкиот факултет, издвоила 50.000 денари, а факултетот на децата им подари пригодни подароци со прибор за редовно одржување на оралното здравје.

Градоначалникот Горан Герасимовски  изјави дека преку оваа соработка општината сака да им помогне на семејствата од социјален ризик обезбедувајќи бесплатни стоматолошки услуги за нивните деца.

– Одржувањето на оралното здравје е од суштинско значење за да се задржи правилното функционирање на организмот и севкупното здравје и квалитет на животот. Затоа, покрај поправката на запчињата, децата добија и совети за здрави навики и здрава исхрана, како и едукативни предавања за правилно четкање на забите со кои го победуваат стравот од одење на забар, истакна Герасимовски.

Општина Центар информира дека покрај ова, обезбедува стоматолошки услуги и за сите други ученици од прво одделение од сите основни училишта, како и за децата од возрасните и средни групи во градинките.

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО: Масовна тепачка на кик-бокс меч, хулиганите на Легија се истепаа со марокански навивачи,

Следно

Турција со намера да организира директна средба Путин- Зеленски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian