ВИДЕО: Сака го турна Арсенал кон Лигата на шампионите

1 min read

На „Вила парк“ фудбалерите на Арсенал ја совладаа како гости Астон Вила со 1:0 во натпреварот од 30. коло во Премиер лигата.

„Топџиите“ освоија три важни бода во трката за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите следната натпреварувачка сезона.

Единствениот погодок беше реализиран во 30 минута преку Букајо Сака, а голманот Емилијано Мартинез доцна ја забележа топката која помина низ многу нозе и заврши во десниот агол.

Најдобрата шанса за израмнување домаќините ја имаа во 68 минута кога Воткис ја погоди стативата.

Арсенал е на четвртото место со 54 бодови, додека Астон Вила е на деветтото место со 36.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пролетен љубовен хороскоп: Што ве очекува од март до јуни?

Следно

„Одиме кон бездна“: Лекарите предупредуваат дека има сѐ повеќе невакцинирани деца

Latest from Blog

Перишиќ се сели во Лондон

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и тоа во екипата

MacedonianEnglishAlbanian